Google го претрка Apple, стана најскап светски бренд Најскап светски бренд според листата на BrandZ TOP 100, агенција на Миливорд Браун, оваа година е Google. Неговата вредност достигна 158,8 милијарди долари и во однос на минатата година е покачена за 40%, пренесуваат светските агенции.